еМагазин
Балкан ТОП СТОРИИ

Помеѓу заразените со делта сојот во Албанија има и лице од Македонија, кој го „увезол“ вирусот

Во Албанија се потврдени 21 случаи на заразени со делта сојот, од нив осум се „увезени“, додека остантите се семејни кластери, изјави Силва Бино, раководителка на Одделот за епидемиологија, при Институтот за јавно здравје и член на Комитетот за справување со пандемијата со Ковид-19.  

– По два случаи се донесени во земјава од Велика Британија и Германија, додека по еден случај од Чешка, Шпанија, Северна Македонија и Пакистан. Случајот од Пакистан беше без клинички знаци, како дел од скрининг, во оваа група тестови која беше испратена во лабораторијата во Берлин.

Овие случаи, предизвикаа семејни жаришта, што потврдува дека имаме висока инциденца на зараза, рече таа.

Според неа заразените се на возраст од 16 до 77 години, а девет лица се хосптализирани. Таа додаде дека од 21 заразено лице со делта сојот, шест биле вакцинирани.

Две од заразените лица биле вакцинирани во април во Велика Британја со „АстраЗенека“, две со една доза со „Фајзер“ во Германија, два случаи се со две дози „Коронавакс“, рече Бино.

Преседателката на комитетот и заменик министерка за здравство, Мира Ракацоли смета дека новата епидемиолошка состојба не наметнува други ограничувачки мерки освен постојните, за кои смета дека ќе ја контролираат состојбата, посебно потенцирајќи дека останува и понатаму во сила полицискиот час од полноќ до 6 часот и мерката за задолжително носење заштитна маска во затворен простор.

Таа упати апел за поголема масовност за имунизација против опасниот вирус, процес со кој до сега се опфатени над на милион и 170.000 граѓани.

МИА/Фото: Photo by Louis Reed on Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од грип починала 20-годишна девојка

Редакција

Теута Арифи позитивна на Ковид-19 иако е вакцинирана со две дози

Редакција

Уште 30 можни производители на генетски модифициран ориз во Македонија

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница