еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Попладне пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Времето претпладнево е сончево со мала до умерена облачност, а од пладне на места облачноста ќе се зголеми и ќе има појава на краткотраен пороен дожд, грмежи и повремено засилен ветер.

Како што информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), можна е изолирана појава на град и тоа претежно на југот од земјава. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието засилен северозападен ветер.

Максималната температура ќе биде во интервал од 14 до 20 степени, а во Скопје ќе достигне до 17 степени целзиусови.

Утре и в четврток ќе биде нестабилно, со локален пороен дожд во попладневните часови, засилен ветер, грмежи и услови за појава на град.

Во петок и за време на викендот ќе преовладува претежно сончево и потопло време. Утринските температури на некои места ќе се спуштат и до минус еден степен.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пановски со апел до здравствените власти: „Ве молам под итно преведете протоколи за Ковид-19, волку лекови одеднаш ни здрав атлета нe би издржал“

Редакција

Доктор Којиќ: Во последно време се почесто доаѓаат пациенти кои веќе го имаат прележано вирусот и лепат инфекции една врз друга

Редакција

Протекол кровот на Драмски театар, откажани престави

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница