На електронските адреси на 15 училишта во Скопје (13 средни и две основни) попладнево е упатена закана за поставена експлозивна направа, во дел од објектите веќе се завршени проверките и е утврдено дека станува збор за лажни пријави, информираат од Министерството за внатрешни работи.
-Веднаш по добиените пријави до СВР Скопје, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите.
Во дел од објектите се завршени проверките и утврдено дека станува збор за лажна пријава. Во останатите, проверките се во тек, наведуваат од МВР.