еМагазин
Image default
Бизнис

Поплавен рудникот „Суводол“, во прекин ископот на јаглен за РЕК Битола

Oбилните врнежи од дожд во битолско предизвикаа поплава на јагленовите откопни полиња во рудникот „Суводол“ на РЕК Битола. Од Електрани на Северна Македонија информираат дека ископот и транспортот на јаглен во моментот се во прекин и се вложуваат натчовечки напори за санирање на состојбите.

„И покрај елементарната непогода со која се соочува РЕК Битола, континуираното производство на електрична енергија од комбинатот засега не е е доведено во прашање и истото продолжува согласно планот и потребите на електроенергетскиот систем“, велат од ЕСМ.

На терен e и генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски заедно со директорот на РЕК Битола, Златко Ќурчиевски, како и комплетното раководство на комбинатот и стручните служби на РЕК Битола.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Макпетрол во ноември ќе ја намали цената на гасот за 500 евра

Редакција

Во блок-трансакција продадени акции од „Макпетрол“ за 51.000 евра

Редакција

РКЕ: Денеска нема предуслови за да се корегираат цените на горивата, цените остануваат исти

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница