еМагазин
Image default
Македонија

Поради болест на еден од обвинетите судењето за „Софтвери“ одложено за 29 ноември

Судењето против поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски, кој заедно со уште шест лица се теререти за нелегалната набавка на софтвер се одложува за 29 ноември, поради болест на еден од обвинетите.

Судот информира дека пред почетокот на денешното рочиште, бранителот на обвинетиот Даниел Станчев, доставил лекарска потврда од 7 ноември, упат за Клиника за инфективни болести, со забелешка дека кај пациентот е дадена инфузиона и таблетарна терапија и за што е отворено боледување.

На денешното рочиште во Основниот кривичен суд Скопје требаше да бидат сослушани повеќе сведоци предложени од Обвинителството, меѓу кои и претставник на државното правобранителство.

Судскиот процес се наоѓа во доказна постапка и го води судијката Фанка Јанчулева Михаиловска, а застапник на обвинението е Ивана Трајчевска.

Одбраната на првобвинетиот достави дополнување на предложената листа на докази, за што Судот побара пред следното рочиште да достават една ревидирана и заедничка листа на докази со оглед дека досега имаат поднесени повеќе дополнувања.

Според обвинителниот акт, Рашковски е обвинет за кривичните дела „Злоупотреба на службена положба и овластување“ и „Перење пари и други приноси од казниво дело“.

Лицата И.Д., И.Х., Д.С., И.И., И.И. и М.С. се обвинети за „Злоупотреба на службена положба и овластување“ од Кривичниот законик.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Девет лица починале од Ковид-19, кај седум од нив регистрирани коморбидитети

Редакција

Починаа тројца пациенти од корона вирусот, помеѓу кои и 46-годишна жена која долго била на механичка вентилација

Редакција

Заев: Ако има можности ќе ги декласифицираме документите од преговорите за името од 1992 до склучувањето на Договорот од Преспа

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница