еМагазин
Image default
ЧИСТА ОКОЛИНА

Поради енормното загадување: Повик за блокада на „Дрисла“

Движењето за чист воздух утре во 12:05 часот пред вратата на депонијата „Дрисла“ ќе одржи 15-минутна блокада.

Според нив, „Дрисла“ е потенцијално најголемиот емитер на диоксид и на фурани. Бараат да се промени Правилникот за извршување инспекциски надзор, усогласувајќи го со ЕУ нормативи (диоксини, формалдехиди, фурани).

Во најбрз можен рок да се донесат правилници за индустриски емисии и воведување најдобри производствени пракси за тој сектор и раскинување на договорот со италијанската фирма-концесионер, поради неисполнување ништо од договореното.

Движењето за чист воздух информира дека даваат рок од 15 дена за исполнување на нивните барања. Во случај на неисполнување на барањата, најавуваат блокирање на Град Скопје и поднесување тужба.

Фото: Дрисла

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

До 20 пати поголеми казни за загадување на животната средина, предложи Министерството за правда

Редакција

Глоба од 50.000 евра за САСА и 15.000 евра за одговорното лице по истекот на јаловиштето

Редакција

Загадувањето повторно ги мачи скопјани, надлежните релативизираат

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница