еМагазин
Свет ТОП СТОРИИ

Поради финансиски малверзации уапсен претседателот на Нисан Моторс, Карлос Госн

Претседателот на јапонскиот произведувач на автомобили „Нисан Моторс“, Карлос Госн e уапсен поради финансиски малверзации, јави Би-Би-Си.

Компанијата соопшти дека интерната истрага покажала дека челникот на компанијата Карлос Госн прикажувал помал профит од реалниот и преземал други незаконски дејствија.

Госн, кој е претседател на бордот на директори на Нисан и вршител на должност претседател на партнерството меѓу Нисан, Рено и Мицибуши Моторс, е уапсен поради сомневање за кршење на финансиските закони.

Јапонското Обвинителство се уште не излезе со информација за случајот.

Од „Нисан моторс“ соопштија дека Госн и директорот Грег Кели во извештаите поднесени до Токиската берза прикажувале помали износи за бонус и додатоци на плата од реалните за да се намали објавениот износ на надомест кој го примал Госн.

Од фирмата информираат дека интерната истрага покажала дека користел и пари од компанијата за свои лични потреби. Интерната истрага беше почната пред неколку месеци по дојава од „свиркачи“ за неправилности во финансиското работење.

На состанокот на Бордот на директори в четврток ќе биде предложено негово разрешување, соопшти денеска јапонскиот произведувач на автомобили и најави прес-конференција за случајот во текот на денот.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Народна банка ја зголеми основната каматна стапка на 1,75%

Редакција

Иринеј бачки: СПЦ ниту го фаворизира, ниту може да го забрани името МПЦ

Редакција

BMZ Group ќе инвестира 65 милиони евра во фабрика за производство на литиум-јонски батерии

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница