еМагазин
Македонија

Поради корона вирусот германската Амбасада времено ги затвора конзуларното и визното одделение

Германската амбасада соопшти дека како последица на прогресивното ширење на коронавирусот (Ковид-19), ги затвора веднаш на неопределено време конзуларното одделение, вклучително и Визното за посетители.

Како што информираат од Амбасадата, сите веќе закажани термини ќе бидат автоматски пререгистрирани од страна на Амбасадата за некој подоцнежен термин.

За лицата кои имаат исклучиво германско државјанство и нивниот германски пасош и/или лична карта ќе стане невалиден во следните два месеца или веќе е неважечки, се замолуваат да ги контактираат по мејл на [email protected], а на мејлот да приложат копија од пасошот и/или личната карта.

-Амбасадата ќе информира на нејзината веб-страна www.skopje.diplo.de, штом ќе се нормализира протокот на посетители и повторно ќе може да има термини. Жалиме за ограничувањата и Ве молиме за разбирање за овие неопходни мерки!, стои во соопштението. 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Народна банка ја намали основната каматна стапка на 1,75 отсто, поради ризикот од корона вирусот врз економијата

„Гардијан“: Епидемијата на коронавирусот во Британија ќе трае до следната пролет во 2021 година

Филипче апелираше да не се создаваат гужви во маркетите, за да се спречи ширење на корона вирусот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Села за Законот за амнестија: На 27 април ме убија еднаш, сега ме убиваат повторно

Редакција

Вкупно 48 заболени од корона вирусот: Шест нови, од кои и четиригодишно девојче од Штип

Редакција

Сиљановска Давкова од денеска во Италија, ќе има ауденција и кај новиот папа

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница