еМагазин
Image default
Локално

Поради најавите за силен дожд, настанот „Вози право, вози здраво“ во недела ќе почне од 11 часот

Стартот на ревијалната трка „Вози право, вози здраво“ vol.7, што ќе се одржи во недела (28 мај), ќе биде во 11 часот од Порта Македонија, наместо од 17 часот како што првично беше најавено.

Промената на времето е поради променливите временски услови и најавата за пороен дожд во периодот за кога е закажана ревијалната трка.

Освен промената на времето на одржување на ревијалната трка, сѐ друго останува исто. Учесниците ќе стартуваат од Порта Македонија, а целта е кај фонтаната во Градски парк каде што ќе има освежување и грицки за сите учесници, голема забава и богата лотарија.

Регистрацијата за овој настан е отворена до сабота и се одвива преку следниот линк.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во судир помеѓу два камиона на патот Градско-Прилеп, тешко повреден 36-годишен возач

Редакција

Малолетен скопјанец ја тепал мајка си

Редакција

Мртво новороденче донесено на Детска клиника, мајката го родила дома

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница