еМагазин
Image default
Македонија

Поради неоправдано отсуство: Почнува постапката за одземање на пратеничкиот мандат на Никола Груевски

Претседателот на Собранието Талат Џафери ќе испрати допис до Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања со кој ќе ја извести дека пратеникот Никола Груевски неоправдано бил отустен од седниците на Парламентот повеќе од шест месеци, потврдија од собраниската прес-служба.

Според член 59 од собранискиот Деловик, за пратеникот кој неоправдано отсуствувал од седниците на Собранието повеќе од шест месеца, претседателот на Собранието ја известува Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања.

Предлог за одземање на мандатот на пратеник во овој случај, поднесува Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, во рок од 15 дена од денот на добивањето на известувањето од претседателот на Собранието, а по нејзиниот предлог за одземање на мандатот на пратеникот, Собранието води претрес на првата наредна седница.

Како што се наведува во членот 59, претресот може да заврши со донесување одлука за одземање на мандатот на пратеникот или со заклучок дека нема елементи за одземање на мандатот на пратеникот.

Пратеникот и поранешен премиер Никола Груевски за кој има правосилна пресуда од двегодишна затворска казана за случајот „Тенк“ на СЈО, а е осомничен и за организирање на собраниските настани од 27 април, избега во Унгарија каде доби статус на политички азилант.

МИА/Фото: Фејсбук/Никола Груевски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Гужви и собирања на граѓани во Тетово пред банките поради издавањето на државните платежни картички

Редакција

Мицкоски: Не гледам причина за натамошно учество на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието

Редакција

Охриѓанец почина од корона вирусот

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница