еМагазин
Image default
Македонија

Лошите временски услови времено ја затворија Специјалната болница во Отешево

Поради честите прекини на електрична енергија и лошите временски услови Специјалната болница за превенција, лекување и рехабилитација – Отешево нема да работи во наредните неколку денови.

Директорката на болницата, доктор Александра Пили информира дека деновиве екипи прават тестирање на пумпите за довод на вода, по што ќе продолжат со редовни амбулантски прегледи и хоспитализација на пациенти.

– Поради лошите временски услови и прекинот на електрична енергија, не работат пумпите за довод на вода, а со тоа нема услови нормално да функционира болницата. Хоспитализираните пациенти од саботата соодветно се транспортирани до своите домови.

Правиме тестирање на парното и доводот на вода и во наредните денови се надеваме дека ќе почнеме со редовните амбулантски прегледи и хоспитализација на пациенти, изјави Пили за МИА.

Сите закажани прегледи, нагласи, времено се одлагаат, за што пациентите соодветно ќе бидат информирани.

– Штом ќе ги санираме последиците од невремето во најкус можен рок ќе продолжиме со редовната работа, а пациентите соодветно ќе ги информираме, рече директорката.

Најголем дел од хоспитализираните пациенти биле од Ресен, но имало и од Битола и од Скопје.

МИА/Фото: Архива/МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Обвинителство побара да се активира условната пресуда од 2 години затвор за градоначалникот на Ново Село за дело од 2015

Редакција

ВМРО-ДПМНЕ бара локалните избори да се одржат на 17 октомври

Редакција

Владата одобри организација на продолжен престој на учениците во основните училишта

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница