еМагазин
Image default
Македонија

Поради отсуство на судијата Ставрев, одложено судењето за „Титаник“

Судењето за изборни нерегуларности „Титаник“ на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) продолжува на 23 август, откако денешното рочиште се одложи поради отсуството на членот на судечкиот совет, судијата Огнен Ставрев.

Предметот, кој го води судијата Осман Шабани, а застапник на обвинението е Лиле Стефанова, се наоѓа во доказна постапка.

Досега се изведени околу 4.850 од над 5.900 предложени материјални докази од СЈО.

Освен поранешниот премиер Никола Груевски кој е во бегство, во „Титаник“ обвинети се и Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристоски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашјаковска.

Тие се осомничени за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Џафери и координаторите утре ќе се договараат за презентација на Договорот со „Бехтел и Енка“ во Собранието

Редакција

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 604 пациенти болни и суспектни на Ковид-19

Редакција

Полициска акција во Арачиново: Приведени осум лица за трговија со дрога и оружје, меѓу нив еден полицаец

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница