еМагазин
Image default
Македонија

Поради отсуство на дел од одбраната, одложено рочиштето за несреќата кај Ласкарци

Денешната главната расправа за предметот поврзан со автобуската несреќа кај село Ласкарци, се одложува за 22 април, поради отсуство на дел од одбраната.

Процесот за овој случај го води судијката Диана Груевска Илиевска, а застапник на обвинението е јавниот обвинител Дарко Јакимовски.

Во своја одбрана, сопственикот на „Дурмо Турс“, Дурмиш Белули на рочиштето одржано на 23 март рече, дека на никој начин не придонел за сообраќајната несреќа и дека за тоа не се чувствува виновен.

За автобуската несреќа што се случи на 13 февруари 2019 година кај селото Ласкарци, во која загинаа 16 лица, а 37 беа потешко повредени обвинети се шест лица.

Сопственикот на „Дурмо турс“, Дурмиш Белули, одговорниот за транспорт во фирмата, Ремзи Мифтари и возачот на автобусот, Маноел Трифуновски се товарат за сторени тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, додека тројцата вработени во станицата за технички преглед, Игор Ѓорѓиевски, Горан Дуковски и Јане Боварски за соучество во истото дело.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Може да добие казна затвор од 5 години: Македонец во Хрватска се обидел да убие еден, а повредил четворица врсници со нож

Редакција

Француска „Ла Кроа“: Софија би можела да истрае во блокирањето на Северна Македонија, но делумно и блефира

Редакција

Вкупно 177 заболени: Регистрирани нови 29 случаи, од кои 20 од Скопје

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница