еМагазин
Image default
Македонија

Поради смртен случај на обвинителката Русковска, судењето за насилството во Собранието одложено за утре

Судењето за случувањата во Собранието на 27 април минатата година продолжува утре, откако денешното рочиште беше одложено поради смртен случај на обвинителката Вилма Русковска.

Случајот се наоѓа во доказна постапка и за рочиштето утре е предвидено да се продолжи со читање на вештачењата од СМС и вибер-комуникацијата од мобилните телефони на обвинетите.

Судијката Добрила Кацарска посочи дека на рочиштето во понеделник, 26 ноември, е предвидено сослушување на двајца сведоци предложени од одбраната на пратеникот Крсто Мукоски, како и со одбраната на Сашо Василевски, Љубен Арнаудов и Јохан Тарчуловски.

За случувањата во Собранието на 27 април 2017 година обвинети се вкупно 33 лица, од кои 31 лице за терористичко загрозување на уставниот поредок на државата и двајца за поттикнување.

Претходно поради влошена здравствена состојба на обвинетиот Сашко Марковски постапката за него беше одвоена и треба да продолжи по еден месец.

Меѓу обвинетите се повеќе пратеници, вработени во МВР и собраниското обезбедување, уметници. Тие пред Судот кажаа дека го разбираат обвинението, но не се чувствуваат за виновни.

На обвинителната клупа се Љубен Арнаудов, Сашо Василевски, Крсто Мукоски, Љупчо Димовски, Јохан Тарчуловски, Митко Чавков, Митко Пешовски, Душко Лазаров, Горан Јошевски-Леви, Оливер Поповски, Оливер Радулов, Мунир Пепиќ, Абдуљфета Алими, Елена Доцевска-Божиновска, Иван Цветановски, Борис Дамовски, Богдан Илиевски-Бетмен, Владо Јовановски, Игор Дурловски, Стефан Младеновски, Михаил Младеновски, Захарие Симовски, Младен Додевски, Јане Ченто, Горанче Ангеловски, Игор Југ, Илија Славески, Влатко Трајков, Вилијам Михајловски, Никола Митревски-Кољо, Александар Василевски-Нинџа и Митре Питроповски.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Филипче: Мерките за заштита од Ковид-19 кои се во Собранието, мора итно да се донесат

Редакција

Стејт департмент уште еднаш порача дека на Груевски треба да продолжи да му се суди во Македонија

Редакција

Власта се уште нема 80 пратеници за уставните измени, седницата во Собранието ќе продолжи кога ќе се обезбедат

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница