еМагазин
Македонија

Поради тројца вработени заболени со Ковид-19, се затвора училиштето во Вруток

Основното училиште во селото Вруток деновиве ќе биде затворено, заради позитивни тестови на Ковид-19 на тројца вработени.

Наставата во ОУ „Лирија“ според одговорните во секторот за образование најверојатно ќе продолжи онлајн.

Состојбата со ширењето на вирусот во гостиварско се влошува и таа почна да влијае и врз наставниот процес, посочуваат одговорните во локалната самоуправа.

– Денеска добив известување од училиштето „Лирија“ и нè информираа дека во групата која изведува настава на македонски јазик има тројца заразени. Тие заради тоа, побараа наставата да продолжи онлајн.

Најверојатно, во установата ќе биде воведен карантин, изјави Аслијан Снопче одговорна за секторот образование во општина Гостивар.

Случаи со инфицирање од корона вирусот, според Снопче има и во други училишта, кои се движат во рамки на три или четири. Досега, вели таа има 22 кои се надвор од наставниот процес.

Таа посочи дека во градинките состојбата се нормализира откако беа откриени позитивни случаи на корона вирусот. Таму пред две недели имаше четири лица вработени во заедничката кујна кои заради Ковид-19 беа изолирани.

Вкупната бројка на активни случаи во гостиварско надминува 450.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Штип, Свети Николе и Куманово со најмногу заразени со Ковид-19 на 100 илјади жители

Редакција

Потег за почит: Лекарите кои не биле на смена се „нацртале“ на работа за да помогнат по трагичната несреќа

Редакција

Судењето за насилството пред Општина Центар почна од почеток

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница