еМагазин
Image default
Македонија

Поради учителка и професор, цело одделение од училиште во Куманово во изолација

Едно одделение од кумановското основно училиште „Христијан Карпош“ е во изолација, потврдија денеска надлежните од училиштето и градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски.

Дваесетина третоодделенци од „Христијан Карпош“ се во изолација откако позитивни на коронавирусот биле учителка и професор по англиски јазик, информираше директорката на училиштето, Лидија Костиќ.

Таа нагласи дека се преземаат засилени мерки за дезинфекција во ова училиште, потенцирајќи дека ова е прв случај на изолација на одделение кое следи настава со физичко присуство.

Информацијата ја потврди и кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски, но истакна дека генерално во училиштата, како и во градинките во Куманово состојбата засега е стабилна.

Вчера и општинскиот кризен штаб апелираше на почитување на мерките и оттаму нагласија дека се зголемува бројот на заразени млади лица и нивни семејства.

Димитриевски денеска апелираше граѓаните доследно да ги почитуваат мерките и препораките на Владата за превенција од ширење на коронавирусот.

Тој во изјавата за медиумите истакна дека во Куманово во моментов расте бројката на заразени, затоа е многу важно, граѓаните доследно да ги почитуваат здравствените мерки донесени од Комисијата за заразни болести и Владата.

Заразените добиваат помош од здравствениот систем, нагласи Димитриевски, истакнувајќи дека вклучени се и матичните лекари кои ги следат пациентите.

МИА/Фото: Општина Куманово

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Односите меѓу нашите две земји не можат да се сведуваат на фудбалски натпревар и да разговараме на чиј терен е топката, му врати Генчовска на Османи

Редакција

Теута Арифи не е кандидат за Вашингтон, тврди Заев

Редакција

Филипче: Утре ќе се знае дали ќе има олабавување на мерките

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница