еМагазин
Image default
Македонија

Поради здравствената состојба на Зекири, судењето против него ќе продолжи во март

Основниот кривичен суд Скопје одлучи продолженито на главната расправа за случајот со поранешниот генерален секретар на Владата, Мухамед Зекири да го одржи на 13. март, доколку не биде побарано ново одложување.

– Заради интерес на медиумите и невладините организации кои ја следат главната расправа за предметот со КОК бр. 193/22 против обвинетиот М.З., насрочена за 21-ви февруари, ја информираме јавноста дека расправата се отповикува со оглед да е добиено вештачење изработено по наредба на судот од вештак – психијатар, според кое, обвинетиот заради здравствени пречки не е во можност да го следи следното судење.

Главната расправа ќе продолжи на следниот насрочен термин на 13.03.2023 година 10:00, а за евентуално ново одлагање на расправата јавноста и странките ќе бидат благовремено известени, соопштија од Судот.

Зекири е обвинет за злоупотреба на службена положба и овластување при спроведувањето на јавни набавки заради стекнување противправна имотна корист од значителна вредност.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: 245 оздравени од Ковид-19

Редакција

Уставниот суд не брза со одлуката за Законот за употреба на јазиците

Редакција

Кој е Владимир Атанасовски, поранешниот директор на УБК кој заврши во притвор

Редакција
Close

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница