еМагазин
Image default
Локално

Поранешен директор во „Водостопанство“ сам си ја покачувал платата и на уште една вработена

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ф.Ф. (44) поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, информира МВР.

Пријавениот, поранешен В.Д. директор на АД „Водостопанство на РСМ“ во државна сопственост Скопје, подружница „Кумановско – Липковско поле“ – Куманово, за себе и за уште една вработена, во периодот од 2013 година до ноември 2017 година, во неколку наврати ги покачил месечните примања со што оштетил претпријатието за сума од 861.400 денари.

Пријавениот, исто така, ги злоупотребил својата службена положба и овластување на начин што вработената со спогодба била преземена од работно место инженер за одржување во сектор експлоатација и одржување и унапредена на работно место раководител на сектор за одржување, спротивно на правната регулатива и без распишување на оглас од страна на АД „Водостопанство“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Расправија прераснала во тепачка меѓу две семејства во Аеродром

Редакција

(Видео) Хеликоптери на МВР ги локализираа пожарите кај Дојран и Свети Николе

Редакција

62-годишник од Битола го убил неговиот поранешен зет кој насилно влегол во куќата и се заканувал на ќерка му

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница