еМагазин
Image default
Локално

Поранешен обезбедувач „олеснил“ маркет во Ѓорче Петров со двајца ортаци

СВР Скопје до Основното јавно обвинителство во Скопје, поднесе кривична пријава против А.Б.(26), А.Ј.(23) и И.Г.(34), сите од Скопје, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „тешка кражба“ во маркет во населба Ѓорче Петров, при што се стекнале со противправна имотна корист од околу 804.700 денари, информира МВР.

„Врз основа на информациите на А.Б., кој пред две години работел во маркетот како обезбедување и ја знаел целосната поставеност на просториите во маркетот и на камерите од видео надзорот, на 17.04.2020 околу 23.00 часот, преку имот кој што граничи со маркетот, влегле во задниот дел од објектот, по што А.Ј. ја скршил камерата за видео надзор и го деактивирал сензорот за аларм во маркетот.

Откако А.Б. и А.Ј. влегле внатре во маркетот, ги скршиле сите камери за надзор, го одзеле сефот со пари од дневен промет, како и поголема количина на цигари, парфеми, кремови, лосиони и алкохолни пијалоци. После тоа, во возило на третопријавениот И.Г. го товариле предметите и заминале“, соопшти МВР.

По преземени мерки од Единицата за внатрешни работи Ѓорче Петров-Одделението за криминалистички работи, по насоки и во содејство со ОЈО Скопје, било утврдено дека А.Б., А.Ј. и И.Г. го испланирале и го извршиле кривичното дело.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Две лица загинаа, а тројца се тешко повредени во сообраќајка кај Росоман 

Редакција

Почина 20-годишен радовишанец, му се слошило откако го уапсиле за поседување марихуана

Редакција

Снег и намалена видливост на неколку патни правци

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница