еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Поранешен португалски министер: Битката околу Македонија се води меѓу Западот и Кина, а не Русија

Битката околу Македонија не се води само меѓу Западот и Русија, нов играч на масата е Кина, вели португалскиот аналитичар Бруно Макеаш, поранешен португалски министер за Европа. Во текст со наслов „Нека почнат големите Балкански игри“ објавен на politico.eu тој раскажува за неговите средби со Јанко Бачев и Љупчо Палевски во Скопје на која бил брифиран за состојбата во која се наоѓа Македонија пред референдумот за името.

Тој, меѓудругото, укажува дека руската амбасада во Скопје е легло на шпиони, како и детали од брифингот со Палевски и со европски разузнавачи.

Според него, Палевски му покажал УСБ со снимен разговор меѓу странски амбасадор и македонски политичар кој би можел да предизвика земјотрес на политичката сцена во Македонија.

Токму Палевски го брифирал Макеаш дека битката околу Македонија се води меѓу Западот и Кина, а главна причина за тоа е амбицијата на Кинезите да го озобноват патот на свилата.

„Палевски изгледа многу посериозно од Бачев и пооопасно“, пишува Португалецот.

Според него, Палевски сакал да формира националистичка партија за одбрана на името и сакал токму Кина да застане зад оваа партија.

Сепак, европскиот разузнавач кој исто така го сретнал во Скопје му кажал дека Кинезите не би сакале да имаат ништо со човек како Палевски.

Оргиналниот текст ТУКА.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За сообраќајката кај Табановце се огласи српскиот музичар Ѓорге Давид: Удрив во пешак

Редакција

91,6 милиони денари за плати и надоместоци на членовите на Одборот на директори на Пекабеско лани

Редакција

(Фото) КОД го исцрта бизнис стеблото на Али Ахмети и брат му Фекри

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница