еМагазин
Image default
Македонија

Поранешниот директор на „Т-Мобиле“, Луковски по втор пат дал исказ за „Рекет“

По негово барање утрово Жарко Луковски, поранешниот главен извршен директор во „Т-Мобиле“, дал исказ во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција за случајот „Рекет“, информираат од Обвинителството.

Како што појаснуваат од Обвинителството, овој исказ на Луковски е дополнување на претходниот негов исказ за истиот случај.

Луковски, се споменува во еден од аудио разговорите што ги објави италијанскиот весник „Ла Верита“.

Според обвинението во случајот „Базни станици“, што во Специјалното јавно обвинителство (СЈО) го води обвинителката Лиле Стефанова, Луковски е осомничен за злоупотреба на над 3,5 милиони евра во корист на „Бетон“ АД Скопје, а на штета на акционерите на Т-Мобиле, меѓу кои, е и државата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Камчев како сведок даде исказ пред Рускоска за „Рекет“

Зеколи за изјавата на Ахмети: Обидот на Али да го банализира „Рекет“ наликува на ишкање мува од капа

Наместо на инвестиции, 2019. стана година на „Рекет“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

126 нови случаи на Ковид-19 од 2.152 тестови

Редакција

Директор на ЈП „Пазари“ Битола склучил јавна набавка и префрлил пари на фирма избришана од Централен регистар

Редакција

Дневна амбуланта за онкологија на ГОБ „8 Септември“, ќе почне со работа за неколку недели

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница