еМагазин
Image default
Македонија

Поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас денеска доаѓа во Скопје

Поранешниот грчки премиер и лидер на СИРИЗА, Алексис Ципрас денеска пристигнува во Скопје, а во попладневните часови ќе има средба со премиерот Зоран Заев, соопштуваат од грчката опозициска партија.

Ципрас утре ќе учествува на Самитот на „Економист“,„Зајакнување на моментумот за европска интеграција“, посветен на Западен Балкан, а на посебна панел дискусија, заедно со Зоран Заев и Мартин Шулц ќе дебатираат за тоа „Кои се следните чекори за европска интеграција на Западен Балкан?“.

Претседателот на СИРИЗА, синоќа се обрати на крајот од тридневниот фестивал „Спутиник“, организиран од подмладокот на партијата, а во неговиот говор се осврна и на Договорот од Преспа, за кој рече дека е горд.

„Ние, пријателки и пријатели, ја вративме меѓународната слика на земјата. Се осмеливме да се отвориме кон нашите соседи, да спроведеме мултидимензионална надворешна политика на мир и соработка. Се осмеливме за Договорот од Преспа и горди сме, бидејќи затворивме голема рана за земјата, голема рана за Балканот, голема рана на нестабилност во нашиот регион“, рече Ципрас.

Поранешниот грчки премиер упати критики до актуелната влада дека како опозиција „на популистички, лицемерен и национално штетен начин го злоупотребила конкретното прашање“ за на товар на земјата да добијат гласови и додаде дека сега, преку ноќ го променија ставот па од „предавнички договор“, стана „договор што ќе го спроведеме и почитуваме“.

МИА/Фото: Фејсбук/Ципрас

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Марија Јаничевска е нова директорка на ОТА

Редакција

Пратеничката Костадиновска која гласаше во скафандер порача: Се ќе издржам, и да ме колните и да ми пишете дека ќе одам затвор, и дека „готова сум”

Редакција

За „Вреди“ одењето на Гаши по невеста во Косово со службено возило е според закон и нема ништо лошо

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница