еМагазин
Балкан

Поранешниот хрватски премиер Санадер правосилно осуден на 4,5 години затвор

Врховниот суд во Загреб денеска правосилно го осуди некогашниот премиер и претседател на Хрватска демократска заедница (ХДЗ), Иво Санадер на 4,5 години затвор поради кривично дело примање и давање мито во случајот „Планинска“.

Санадер е осуден поради 17 милиони куни (околу 2.288.386 евра) што ги барал и примил од Стјепан Фиолиќ, чија фирма ја продаде зградата на Министерството за регионален развој во загребската „Планинска улица“.

На една година условно е осуден Младен Млинаревиќ, чија фирма ја зголемила вредноста на зградата, како и Фиолиќ, кој ја призна вината.

Никој од осудените не дојде, а правосудната пресуда, според вообичаената процедура, судот ќе ја објави во текот на овој месец.

Заменичката на главното државно обвинителство Тамара Лаптош рече дека е поднесена жалба за Санадер и Млинаревиќ.

– Сметаме дека во овој случај се работи за еден од најтешките облици на политичка корупција и дека изречените казни се преблаги – рече Млинаревиќ.

Адвокатот на Санадер, Чедо Продановиќ рече дека жалбата е долга и ќе ја поднесе утре.

– Еден дел се однесува на суштествени процедурални прекршувања, бидејќи судијата не спроведе усогласување на повеќе вештачки наоди кои беа контрадикторни.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Вучиќ нестрпливо го чекаше Медведев: Воена вежба во чест на рускиот премиер во Србија

Редакција

120 пратеници поднесоа барање за разрешување на претседателот на бугарското Собрание

Редакција

Планира гасовод и нафтовод и до Македонија, Србија за 24 месеци ќе изгради нафтовод до Унгарија

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница