еМагазин
Бизнис

Пораст на индустриското производство од 4.5 отсто

Според податоците на Државниот завод за статистика, индустриското производство во септември 2018 година во однос на септември 2017 година се зголемило за 4.5 отсто

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во септември 2018 година, во однос на септември 2017 година, бележи пораст од 4.7 %, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 3.6 %, а во секторот

Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 19.2 %.

Зголемувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на зголеменото производство во следните оддели: Производство на прехранбени производи, Производство на пијалаци, Производство на текстил, Производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати, Производство на метали, Производство на машини и уреди, неспомeнати на друго место, Производство на моторни возила, приколки и полуприколки и Производство на мебел.

Според главните индустриски групи, производството во септември 2018 година, во однос на септември 2017 година, бележи пораст кај Енергија за 15.5 %, Интермедијарни производи, освен енергија за 5.1 % и Капитални производи за 14.9 %, додека опаѓање бележи кај Трајни производи за широка потрошувачка за 1.3 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 3.1 %.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ОРМ: Уредбите од новите економски мерки да бидат усогласени со бизнисот

Редакција

Македонија осигурување Виена Иншуренс Груп со намалена добивка во првите девет месеци

Редакција

ЕСМ на ЕВН Хоме и понуди 62 евра за мегаватчас, за 3,33% повисока цена на струјата од сегашната

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница