еМагазин
Image default
Локално

Посебен режим на сообраќај во Скопје утре и задутре

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните на Скопје дека на 23 и 24. 09. 2020  (среда и четврток) ќе се одржи меѓународна спортска манифестација –„ФИС ролер ски куп Скопје“ во организација на град Скопје, Агенција за млади и спорт, Скијачка федерација на Република Северна Македонија, Клуб за биатлон и нордиски дисциплини „Олимпик скии “ од Скопје и „Мунте“ – Карпош.

„За таа цел Одделението за безбедност  на патниот сообраќај при МВР во периодот од  08.45 до 10.45 часот, ќе преземе мерки за посебен режим  со траса на движење од ул.„Тодор Александров“ пред ОУ „Кочо Рацин“, право по локалниот пат до паркингот кај Средно Водно и понатаму се до паркингот кај манастирот Св. Пантелејмон- с. Горно Нерези во Скопје, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

Министерството за внатрешни работи апелира  до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот“, велат во МВР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

27-годишно момче пронајдено мртво во својот дом во струмичко Мокриево

Редакција

Скопјанец нападнал полицаец бидејќи не сакал да го пушти без маска во полициската станица Карпош

Редакција

24-годишник претекнувал на полна линија и предизвика сообраќајка: Обвинителство со детали за несреќата во која загина мотоциклист

Редакција
Close

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница