еМагазин
Image default
Локално

Посебен сообраќаен режим во Скопје за Велигден: Кои улици ќе бидат блокирани

Посебен сообраќаен режим за одредени сообраќајници во централното градско подрачје на Град Скопје и општините Ѓорче Петров и Аеродром ќе биде воведен викендов на 27 и 28. април по повод празникот Велигден.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека утре од 18 часот, па се до завршувањето на настаните во врска со празникот, во центарот на Скопје за сообраќај ќе бидат затворени булеварот „Партизански одреди” од крстосницата со улицата „Аминта Трети” до крстосницата со булеварот „ВМРО”, и булеварот „Свети Климент Охридски” од крстосницата со булеварот „Илинден” до крстосницата со улицата „Димитрие Чуповски”.

Покрај ова, на возилата од јавниот градски сообраќај што поминуваат преку мостот „Гоце Делчев” им се менува трасата на движење при што ќе се движат по булеварпт „Илинден” и преку улицата „Франклин Рузвелт” ќе се вклучуваат на булеварот „Партизански одреди”, додека автобусите што поминуваат преку центарот на градот ќе се движат по улицата „М.Т.Гологанов” па преку улицата „Франклин Рузвелт” ќе се вклучуваат на булеварот „Партизански одреди”.

И во спротивна насока автобусите ќе ги користат истите сообраќајници.

Во општината Ѓорче Петров по потреба ќе бидат затворени за сообраќај сообраќајницата од црквата „Свети Петар и Павле“ десно по булеварот „Партизански одреди“, десно по улицата „Ѓорче Петров“, лево по улицата „Васил Чакаларов“, како и сообраќајот од црквата „Свети Пантелејмон“ по улицата „Демир Трајко“ и лево по улицата „Васил Чакаларов“ до Железничкиот мост на реката Вардар.

Во општина Аеродром по потреба за сообраќај ќе биде затворен локалниот пат кон селото Лисиче.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, како и наредбите што ги издаваат полициските службеници.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Со „БМВ“ удрил во шестгодишно дете

Редакција

Tетовец измамен за 21.000 евра, уплаќал пари во фирма од Германија за роба

Редакција

Бебе загина во сообраќајка во струмичко

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница