еМагазин
Бизнис

„Пошта“: Пратките кон Кина се стопирани, од таму редовно пристигнуваат во државата

„Пошта„ информираше дека поради ширењето на коронавирусот во Народна Република Кина, авиокомпаниите кои покрај превозот на патници вршат и транспорт на поштенски пратки за Кина, имаат воспоставено привремена забрана за летовите кон и од Кина.

„Заради тоа, испраќање на поштенски пратки од нашата земја кон примачи на подрачје на Кина, нема да се врши во наредниот период. Поради тоа, ги молиме корисниците на услугите на Пошта за разбирање, а за сите промени навремено ќе ве известиме. Пратките од Народна Република Кина кои сé уште пристигнуваат се доставуваат според вообичаената динамика,“ информираат од „Пошта“.

Вкупниот број на луѓе кои починале од последици од новиот коронавирус во Кина се зголеми на 1.310, а бројот на заразени на 48.206.

За само еден ден, бројот на жртви од новиот коронавирус во кинеската провинција Хубеи нагло се зголеми за 242, но нагло порасна и бројот на заразени – за 14.840.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нагло зголемен бројот за само еден ден: 242 жртви и 14.480 заразени со коронавирусот во Кина

(Видео) Се што треба да знаете за коронавирусот: Едукативно видео на Светската здравствена организација

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Британци со компјутерска измама украле над 400 илјади евра од македонска фирма

Редакција

Настел продаде уште 682 акции на Реплек

Редакција

Две фирми на внукот на Ахмети добиле над 80 илјади евра од Фондот за иновации и технолошки развој

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница