еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА ТОП СТОРИИ

Поскапа за 335 денари од јануари: Во февруари минималната синдикална кошничка 36.146 денари

Минималната синдикална кошничка за февруари изнесува 36.146 денари и е повисока за 335 денари во споредба со јануари 2022 година.

Од нив за исхрана и пијалаци одат 15.440,48 денари или 42,72 отсто, а за домување се неопходни 11.511,6 денари, односно 31,85 отсто.

За хигиена на едно четиричлено семејство во февруари годинава според синдикалната кошничка му биле потребни 2.453,63 денари или 6,79 отсто, за превоз 2.766,32, односно 7,65 отсто и за облека и обувки 2.156,61 денар, поточно 5,97 отсто. За култура семејството требало да одвои 1.067,86 денари, односно 2,95 отсто, а за одржување на здравје 749,07 денари или 2,07 отсто од вкупната сума на минималната синдикална кошничка.

Минималната синдикална кошничка што ја определува Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) се однесува на задоволување на основните месечни потреби за едно четиричлено семејство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Tрошоците на живот пораснаа за 7,6, а цените на мало за 8,6%

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тешко е да ѝ се објасни на Европска унија кои се причините зошто Бугарија ја запира Македонија на патот кон ЕУ, вели бугарскиот европратеник Ќучук

Редакција

42.000 денари регрес за годишен одмор за вработените во Макпетрол

Редакција

Јавниот долг заклучно со 31 декември е 60,9% од БДП

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница