еМагазин
Image default
Бизнис

Поскапуваат бензините

За половина денар се зголемува цената на Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98, а за еден денар на дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Според тоа, Еуросупер БС-95 во следните седум дена ќе се продава по цена од 68,5 денари за литар, Еуросупер БС-98 за 70,5 денари за литар, а дизелот за 61,5 денари за литар.

Новата цена на Екстра лесното масло за домаќинство ќе биде 61 денари.

Малопродажната цена на мазутот се зголемува за 0,348 денари за килограм и сега тој ќе се продава по цена од 35,237 денари за литар.

Со оваа најнова одлука на Регулаторната комисија за енергетика се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,15 проценти во однос на минатонеделните цени.

Регулаторната комисија за енергетика секоја недела врши корекција на цената на нафтените деривати.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„У повер“ го доби тендерот на Царинската управа за набавка на струја вреден 439.000 евра

Редакција

Градоначалникот на Шуто Оризари ќе се вози во Цитроен со светла со 3Д ефект

Редакција

НЛБ Банка се одзва на повикот на Народна банка: Нема да се дели дивиденда

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница