еМагазин
Image default
Бизнис

Поскапуваат бензините и дизелот, во иднина цените по нова методологија

Малопродажната цена на бензинот „еуросупер БС-95“ од полноќ се зголемува за 0,50 денари за литар, а за еден денар поскапуваат  „еуросупер БС-98“, „еуродизел“  и екстра-лесното масло за домаќинство, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Новата цена на „еуросупер БС-95“ е 72 денари, на „еуросупер БС-98“ изнесува 74, на „еуродизел“ 63,50, а на екстра-лесното масло за домаќинство 52 денари за литар.

Денешната одлука на Регулаторната комисија за енергетика е последна што се носи според досегашната методологија.

Во иднина цените на нафтените деривати ќе се одредуваат според сосема нов концепт и нема да пресметува производна цена, туку основа ќе и биде цената на суровата нафта на светските берзи на која ќе се додадат определени трошоци како премии на трговците, транспортот од пристаништата до резервоарите во кои трговците ги складираат нафтените деривати, трошок за пренесување од складиштето до бензинските пумпи, трошок за маржа…

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

АСОМ: ЕНЕР „бомбардиран“ со повеќе од 250 коментари, со што се потврдуваат негативни последици од измените на Законот за игри на среќа

Редакција

Македонија и Бугарија во Брисел се договорија заеднички да продолжат со изградбата на пругата од Коридорот 8

Редакција

Вицегувернерката Нацевска: Простор за паника од инфлација нема, не треба неосновано да се создаваат ценовни притисоци онаму каде што нема потреба

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница