еМагазин
Image default
Бизнис

Поскапуваат горивата

Од полноќ се зголемуваат цените на нафтените деривати од половина до еден денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

За половина денар поскапува Еуросупер БС-95, а за еден денар Еуросупер БС-98 и дизелот.

Според тоа, новата цена на Еуросупер БС-95 ќе биде 71 денари за литар, а на Еуросупер БС-98 ќе изнесува 73 денари за литар. Дизелот ќе се продава по цена од 62,5 денари за литар.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство се зголемува за 1,50 денар/литар и новата цена ќе биде 62,5 денари за литар, а на мазутот за 1,089 денар/килограм и сега ќе изнесува 37,019 ден/кг.

Со најновата одлука се зголемуваат малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,84 денари во однос на минатонеделната одлука.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Колку пари чуваат граѓаните и фирмите во НЛБ Банка

Редакција

Со Меѓународните извештаи на Македонско кредитно биро можете да добиете информации за над 200 милиони компании во 230 земји во светот

Редакција

Речиси и да нема ден без оглас за државни вработувања

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница