еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Ќе чини најмалку 260 милиони евра: Поставен камен-темелникот на автопатот Прилеп – Битола од Коридорот 10д

Денеска е поставен камен-темелникот на автопатот Прилеп – Битола од Коридорот 10д.

Автопатот ќе биде долг 39,3 километри. а според првичните пресметки ќе чини 260 милиони евра.

Го гради американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“, а треба да биде завршен за 57 месеци.

Станува збор за една од четирите делници кои ги предвидува Договорот со „Бехтел и Енка“.

Со Договорот е предвидена изградба и на автопатските делници Тетово – Гостивар во должина од 17,5 километри, за кој проектираната вредност е 125 милиони евра, Гостивар – Букојчани, 30,3 километри, кој ќе чини 560 милиони евра и Требеништа – Струга – Ќафасан, 21,7 километри, со цена од 360 милиони евра.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сашо Давитковски ја намали сопственоста во „Скопски пазар“ на 10,64 отсто од вкупниот број акции

Редакција

Македонија ќе купи 8, а ќе донира 12 хеликоптери на Украина

Редакција

СЗО: Најлошото не е поминато, можни се трет и четврти бран

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница