еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Поставена нова ѕвезда на Горан Пандев на струмичкиот плоштад

На плоштадот „Гоце Делчев“ во Струмица денеска повторно е поставена ѕвездата на најдобриот македонски фудбалер, Горан Пандев, која беше искорната и украдена во ноември 2018 година.

– Верувам дека овој пат ѕвездата на Пандев нема да му пречи на никој и ќе остане на градскиот плоштад. Ќе ја чуваме исто како и што се радуваме на успесите на Пандев и промоцијата на нашата општина и држава, рече градоначалникот Коста Јаневски.

Ѕвездата беше поставена во 2010 година како симбол за освоената титула на Пандев европски и светски фудбалски шампион со италијанскиот Интер.

Инаку, досега не се откриени сторителите на кражбата на ѕвездата на Пандев од плоштадот во Струмица.

МИА/Фото: МИА/Фудбалска репрезентација на Македонија/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

САСА ја доби националната награда за најдобро имплементиран систем за безбедност и здравје при работa за 2023 година

Редакција

По петти пат филмски фестивал КИНЕНОВА – Од 8-ми до 18-ти октомври филмски од дома

Редакција

Вечер со Руми: Последниот книжевен препев на Драги Михајловски

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница