еМагазин
Image default
Македонија

Поткуп од 1.500 денари за глас на изборите во Кочани

Во полицијата во Кочани е пријавен случај во кој лице давало поткуп од 1.500 денари за глас за вториот круг на локалните избори за градоначалник.

Случајот го потврдија од Секторот за внатрешни работи во Штип, при што се истакнува дека во ОВР- Кочани било пријавено дека 53-годишниот Д.С. од Кочани на повеќе лица им дал по 1.500 денари за тие да гласаат за кандидат за градоначалник.

Веднаш се преземени соодветни мерки и активности, извршени се разговори со повеќе лица, а денеска Д.С. е повикан на информативен разговор во полицијата.

По документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок до надлежното Основно јавно обвинителство во Кочани.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Почна судењето за „Јавна соба“, Обвинителството тврди дека ќе докаже вина кај креаторот и администраторот на групата

Редакција

За кои три убиства се сомничи кримналната групата од Грчец

Редакција

Докторка вработена во струшката болница прегледувала пациенти дома, инспекторите предлагаат одземање на нејзината лиценца

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница