еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

„Поточиња 2019” на 30. и 31. март во Македонска опера и балет

Популарниот детски фестивал „Поточиња” по 16. пат ќе се одржи на 30. и 31. март 2019 година на сцената на Македонската опера и балет.

Распеаните и разиграни учесници на публиката ќе претстават уште една нова фестивалска приказна исполнета со 15 нови детски песни. Програмата ќе биде збогатена со специјално изработени анимирани цртани филмови соодветни за секоја тема од песните кои ќе бидат изведени.

Домаќин на публиката и оваа година ќе биде актерот Мартин Јорданоски кој ќе ги води дечињата низ приказната на Поточиња во улогата на маскотата Поки.

Од организаторот, Пап продукција, информираат дека сѐ е подготвено за уште една голема детска забава и дека на репертоарот се закажани шест претстави со почеток од 11:00, 13:00 и 19:00 часот во двата дена.

Билетите по цена од 250 денари може да се набават во Југотон, Билетарата на МОБ и онлајн на www.jugoton.mk и www.babyshop.mk.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Донација од Стопанска банка Скопје за семејствата погодени од пожарот во Кочани

Редакција

(Галерија) Заврши Dance OFF 2019 со над 2.700 учесници од 17 држави

Редакција

Дуна го скрати работното време за новите мајки

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница