еМагазин
Балкан ТОП СТОРИИ

Потпретседателот на Српската листа, Радоичиќ во целост ја презеде одговорноста за инцидентот во Бањска во Косово

Милан Радоичиќ, досегашен потпретседател на Српската листа, во целост ја презеде одговорноста за настаните во селото Бањска на северот на Косово, се вели во изјавата што за медиумите ја прочита неговиот адвокат Горан Петронијевиќ.

„Ја известувам јавноста дека на 24 септември, заедно со моите сонародници дојдов на северот на Косово и Метохија во областа Бањска“, наведе Радоичиќ во изјавата, пренесува Н1.

Тој вели дека причината за неговото враќање во Косово била „да го охрабри народот во отпорот кон режимот на (премиерот) Албин Курти“.

Радоичиќ во својата изјава истакна дека во тоа немал никаква помош од белградските власти, ниту пак ги информирал за своите намери, бидејќи од претходно не се согласувале за повеќе работи.

„Ги информирам сите дежурни прогонувачи на српскиот народ дека лично ги направив сите логистички подготовки за одбрана на српскиот народ од окупаторите, а овој чин нема никаква врска со мојата претходна политичка инволвираност. Не известив никого од српските власти и локални структури за ова, ниту имав помош, бидејќи дотогаш веќе имавме разлики во мислењата“, се вели во писмената изјава на Радоичиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

НАТО испраќа дополнителни сили во Косово

МИА/Фото: Српска листа/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Макрон и Путин се договориле за обезбедувањето на украинските нуклеарни централи

Редакција

Certiadria наше, а светско: Како се станува регионален центар за сертифицирани IT обуки

Редакција

„Струшкиот градоначалник отворил дивоградба. Требаше и од УНЕСКО преставник да викнат, грешка во протокол“: Твитер реакции

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница