еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Потрага по полицаец од Делчево, исчезнал пред два дена кога отишол на риболов

Делчевската полиција трага по 51 – годишниот колега (Т.С) од Делчево, кој последен пат е забележан на 10 јуни 2021 година, четврток, кај месноста „Улив” во атарот на село Илиово.

Лицето за исчезнато е пријавено утринава по што е започната потрага од страна на МВР.

Полициски извори за МИА го потврдија настанот и додадоа дека (Т.С) често рибарел на споменатата локација, а во четвртокот на местото заминал со своето возило Застава 101, кое е пронајдено во близина на истата локација.

Повеќе детали за текот на потрагата за исчезнатиот Т.С кој инаку е вработен во МВР Делчево најавија во текот на вечерта.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Германец пронајден починат во стан на улица „Јордан Мијалков“

Редакција

(Фото) Еве како ќе изгледа: Во Драчево започна изградбата на еден од најголемите фитнес и бодибилдинг центри во Македонија

Редакција

Учениците денеска одат на распуст, се уште не се знае како ќе се одвива наставата од септември

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница