еМагазин
Image default
Да помогнеме

Потребна е финансиска помош за новинарот Драган Ристов, кој е хоспитализиран поради компликации од Ковид-19

Новинарот и советник за односи со јавност во Општина Штип, Драган Ристов поради компликации од коронавирусот е хоспитализиран во приватната клиника Жан Митрев, а за медицинскиот третман потребни се финансиски средства.

Денеска е објавен мобилен телефон на Телеком 070 143 130, на којшто граѓаните со еден повик можат да донираат по 100 денари, во текот на денот се чека да биде објавен и бројот на операторот ВИП.

Семејството, роднини, пријатели и колеги на Ристов викендов споделуваат и апел за помош на социјалните мрежи, а на кој е напишана жиро сметка.

– Семејството Ристови, со своите просечни месечни примања не е во можност самостојно во целост да ги обезбеди сите средства за ова лекување. Поради ова ви се обраќаме со молба за финансиска помош, стои во апелот.

Сметка за донации 300087019209480 Комерцијална банка на име на неговиот брат Ангелко Ристов.

Телефонски број за контакт 070 670 501.

Ристов има 47 години, татко е на две деца, долгогодишен новинар, сликар и советник за односи со јавност во Општина Штип. На македонската јавност и е познат по тоа што секоја година е одговорен и за прес конференциите на Фестивалот за забавна музика „Макфест“.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Алибен е исчезнат во петокот и се уште не е пронајден

Редакција

За првпат се организира хуманитарна инклузивна штафетна трка – Заедно до целта

Редакција

Да ѝ помогнеме на Ангела да не го загуби видот, потребни се 13.200 евра за лекување во Германија

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница