еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Потребна е помош за 26 милиони луѓе во Турција и Сирија, проценуваат од Светска здравствена организација

Светската здравствена организација проценува дека хуманитарната помош е неопходна за 26 милиони луѓе во Турција и Сирија.

„Во Сирија, каде во земјотресот загинаа повеќе од 5.800 луѓе, властите во северозападниот дел на земјата под контрола на Дамаск не дозволуваат влез во областа,“ изјави директорот на Светската програма за храна, Дејвид Бисли.

Тој изјави дека тоа го кочи нивното работење и дека проблемот мора што поскоро да се реши.

„Времето истекува, а ние остануваме без пари. Нашата операција чини околу 50 милиони долари месечно и вклучува само реакција на земјотрес,“ рече Бисли.

Тој додаде дека „ако Европа не сака нов бегалски бран, треба да одвои средства за помош“.

Повеќе од 46.000 луѓе загинаа во земјотресите што на 6 февруари ги погодија Турција и Сирија, според последните официјални податоци, а бројот на жртвите се очекува дополнително да се зголеми.

На југот на Турција се регистрирани повеќе од 40.000 жртви, додека од соседна Сирија има повеќе од 5.800 загинати.

МИА/Фото: Твитер

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Бројката на оздравени од Ковид-19 е повиска од бројот на заболени и изнесува 920

Редакција

Вкупно 1.326 заразени од корона вирусот: Нови 26 пациенти, најголем број во Скопје

Редакција

Сиљановска Давкова од денеска во Италија, ќе има ауденција и кај новиот папа

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница