еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Потврдени 12 случаи на вработени во МВР позитивни на коронавирусот

Во МВР до денеска потврдени се 12 случаи на вработени позитивни на Ковид -19, 36 лица се во самоизолација, а издадени се и 14 наредби за изолација на лица, информираат од министерството.

– Изминатиов период беше извршена и дезинфекција во просториите и објектите каде е утврдено дека престојувале вработени лица за кои е потврдено дека се позитивни на тестот за коронавирусот, а тоа ќе се прави и за секој нареден случај, информираат од МВР.

Оттаму соопштуваат дека, според протоколите предвидени за вакви ситуации, од страна на епидемиолози направени се интервјуа и на вработени кои биле во непосреден контакт со заболените и во соработка со нив се утврдува за кои лица се издаваат решенија за изолација и изјави за самоизолација.

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека за заштита на вработените од коронавирусот се преземаат сите неопходни мерки за нивна лична заштита, со соодветна заштитна опрема, а со цел безбедно извршување на работните задачи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Заболени од коронавирусот и во селата Калиште, Добри Дол и во карантинот во Маврово

Во Куманово уште 4 новозаболени здравствени работници

(Фото) Вицепремиерот Османи доброволно се пријавил да помага како лекар

Се што сакавте да прашате, а Ви беше срам: Дали ќе се заразите со коронавирусот за време на секс?

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Повеќе од 1.000 текстилни работници од источниот регион добиле плата под минималната

Редакција

Куршум од ловџиска пушка погоди штипјанец додека работел на нива

Редакција

Од Владата велат дека државата нема да плаќа пенали на Бехтел и Енка, туку дополнителни трошоци за изградба ако не се зголеми работната недела

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница