еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Потврдени повеќе од 60 говорници на седмиот самит „Македонија 2025“

Од 7 до 10 ноември во хотелот Мериот-Скопје, меѓународната невладина организација „Македонија2025“ по седми пат ќе го организира годишниот Самит „Македонија2025“ – динамична платформа за споделување на знаења од областа на бизнисот, економијата, технологијата, лидерството и иновациите.

На настанот ќе присуствуваат преку 60 врвни говорници и публика составена од над 400 учесници, кои ќе имаат единствена можност да ги слушнат последните светски трендови во бизнисот, да се вмрежат со исклучителни професионалци и да остварат нови партнерства и соработка со потенцијални инвеститори.

Меѓу говорниците на Самитот Македонија2025 ќе бидат Кевин Мурнејн – професор на Келог школата за менаџмент, САД; Гасан Хасбани – заменик-премиер и министер за здравство на Либија; Ентони Б. Ким – менаџер за истражување и уредник на индексот за економска слобода во The Heritage Foundation, САД; Џорди Серано Понс – основач и главен извршен директор на UniversalDoctor, Швајцарија, Јаир Енгел – основач и директор на Kayama – Центар за одржлив дизајн, Израел; Кетрин Константинидес – светски познат филантроп, активистка и претприемач од Јужна Африка и многу други.

Годинава за првпат организаторите најавуваат тридневна програма, исполнета со над 10 тематски дискусии и 4 „break-out“ сесии, кои ќе покријат широк спектар на теми како светски економски трендови, регионални инвестиции, лидерство, претприемништво.

Ќе се зборува и за дигиталната трансформација, примената на последните технологии во медицината, како и за произдводството на медицински канабис во Македонија. Посебен акцент ќе биде ставен на филантропијата и возвраќањето кон татковината, преку Добротворната гала-вечер во чест на Џон Битов Постариот, прославувајќи десет години од формирањето на организацијата и седум години од Самитот Македонија2025.

Редовната регистрација за Самитот е отворена до 30 септември со поволности за мали и средни компании. Доцната регистрација започнува веќе од 1 октомври 2018.

Регистрирајте се на официјалната веб-страна: www.mk2025summit.com.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонскиот интернационален модел Христијан Стојаноски – Крис се појави во новата кампања за реномираниот пијалок „Блендерс прајд виски“

Редакција

На конкурсот на Движењето за поддршка на креативност „Иво Лауренчиќ„ и „Арс Ламина“ се пријавија 316 автори со 442 современи бајки од Македонија

Редакција

Два одлични романа во „Нашите приказни“, новата едиција на ТРИ

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница