еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Повеќе од 41 милион луѓе ширум светот се заразени со коронавирусот

Бројот на заразени со коронавирусот во светот денеска надмина 41 милион, покажуваат податоците на интернет страницата „Ворлдометерс“.

Од почетокот на епидемијата, 1,13 милиони луѓе починале, а 30,6 милиони пациенти закрепнале од болеста.

Во моментов има околу 9,3 милиони активни случаи ширум светот.

Најлоша е состојбата во САД, каде што се заразени 8,5 милиони луѓе, а починале околу 226 000 лица.

Следува Индија со 7,6 милиони заразени и 115.950 смртни случаи, по што следи Бразил со 5,2 милиони случаи и 154.888 смртни случаи.

Русија и Шпанија се европски земји со најголем број заразени лица.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Огромна направа што плута успешно почна да собира отпад во Пацификот

Редакција

Принова кај најбрзите мајмуни на светот во скопската Зоолошка

Редакција

Изгореа 1.000 прагови на пругата Скопје-Битола, сoобраќајот во прекин

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница