еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Повеќе жени, 10 лица хоспитализирани, детали за новозаболените со коронавирусот во Македонија

Вчера беше соопштено дека во Македонија се регистрирани, нови 36 случаи на заболени со коронавирусот.

“Тестирани се вкупно 411 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2, од кои позитивни се 36.

Потврдените случаи се од 8 градови. Регистриран е прв случај од Берово.


Регистрирани се случаи во скоро сите возрасни групи, а во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 20 женски и 16 машки лица.

Хоспитализирани се 10 лица, а останатите се на домашно лекување.

Кај 15 лица е регистрирано присуство на коморбидитети (хронична/здравствени состојби, н.з.).

Вкупно 20 лица имале контакт со веќе потврден случај на COVID-19 во државата, а не се регистрирани лица кои имале историја на неодамнешно патување (во последни 14 дена)“, стои во анализата на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), која еМагазин секојдневно ја пренесува.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вкупно 241 здравствени работници во Македонија заразени со коронавирусот, излекувани 203

Немал претходни заболувања, детали за починатиот пациент од коронавирусот од Велес

Ќе станат ли Велес и Тетово нови жаришта на коронавирусот?

Графика: ИЈЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Иванов дозволи новинарски прашања: На 27. април бил дома, неговите советници на шест месеци подлежат на полиграф

Редакција

Пратеникот на ДУИ, Адеми нема да ги прифати резултатите од пописот, ако Албанците биле под 20%

Редакција

Шилегов: Кој е овде луд со случајот со „Дрисла“?

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница