еМагазин
Image default
Локално

Поведена постапка за полов напад врз дете против монструм од битолско

Основното јавно обвинителство Битола донесе наредба за спроведување истражна постапка против жител на битолско село, за сторено кривично дело „полов напад врз дете кое не наполнило 14 години“.

„Јавниот обвинител до Основниот суд Битола поднесе предлог за определување притвор за осомничениот, бидејќи постојат околности што укажуваат дека постои основан страв дека осомничениот ќе ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоци и дека постои опасност тој да го повтори кривичното дело.

Судијата на претходна постапка при Основниот суд Битола го прифати предлогот и со решение определи притвор за осомниченото лице во траење од 30 дена“, информираат од Јавното обвинителство.

Обвинителството поведе постапка поради основано сомневање дека осомничениот на 23-ти овој месец во претпладневните часови, ги искористил блиските роднински врски со детето и стекнатата доверба и извршил друго полово дејствие врз детето кое не наполнило 14 години.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Две лица загинаа во сообраќајна несреќа на излезот од Битола кон Прилеп

Редакција

Раководството на градинката „Буба Мара“ треба да го расветли случајот со дрското однесување на негувателка

Редакција

Во следните три дена посебен сообрaќаен режим во Скопје

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница