Денеска во Собранието предлагачите ги повлекоа предложените измени на Законот за културно наследство, откако претходно пред законодавниот дом поради овој предлог протестираа преставници од Македонското археолошко друштво (МАД) и ИКОМОС Македонија.
Според предвидените законски измени, предложени поради градењето на автопатите од коридорите 8 и 10д од страна на американско-турскиот конзорциум Бехтел и Енка, ако се дојде до археолошко важно откритие тоа требаше да се пријави до надзорниот инженер, а не до надлежната јавна установа за заштита или до Министерството за внатрешни работи, како што предвидува законот во други случаи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ