еМагазин
Бизнис ТОП СТОРИИ

Повратот на ДДВ од скенирање на сметките ќе се зголемува од 1.800 на 2.100 денари

Владата на денешната седница го утврди текстот на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за враќање на дел од данокот на додадена вредност на физичките лица, предложен од Министерството за финансии.

Со предложените измени, се зголемува највисокиот дозволен износ што може да се врати на едно физичко лице за едно календарско тримесечје.

Како што соопштија од Владата, се планира највисокиот износ што може едно лице да го оствари, како право на поврат на дел од данокот на додадена вредност, да се зголеми на 2.100 денари по квартал за едно физичко лице.

Сега, овој износ по лице и по квартал е до 1.800 денари.

Фото: УЈП

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Кинг ИЦТ“ го доби тендерот на Град Скопје за одржување на системот за управување со документи вреден 190.000 евра

Редакција

Последици од Ковид-19 по менталното здравје: Зголемена депресивност и анксиозност, посебно помеѓу жените

Редакција

Познати бизнисмени бараат од Владата во непосредна спогодба да им даде под закуп 877.945 квадрати земјоделско земјиште

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница