еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Повремени врнежи од дожд од петок, потопло време за викендот

Времето утре и во следните денови ќе се задржи претежно облачно со утринска магла по одделни котлини и умерен до засилен ветер од јужен правец.

Утринската температура ќе се движи од еден до шест степени, а дневната помеѓу шест и 13 степени Целзиусови.

Во Скопје слично време со минимална од четири и максимална дневна од 13 степени.

Како што соопштуваат од Управата за хидрометеоролошки работи, под влијание на влажен бран од петок ќе има повремени врнежи од дожд, на места пообилни, особено во западните делови. На повисоките планини врнежите повремено ќе преминуваат во снег.

Умерениот до засилен ветер од јужен правец, што ќе дува од утре, за време на викендот ќе услови повисоки дневни температури.

Во петок максималната дневна температура ќе биде во интервалот од 8 до 12 степени, во сабота од 11 до 16, во недела од 12 до 19 степени.

За понеделник се прогнозира намалување на темературата при што дневната ќе се спушти до 16 степени, а во вторник се најавува минусна утринска темепратура (-1) и дневна максимална до 11 степени Целзиусови.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пратениците ќе си добијат нови „телефончиња“: „Македонски Телеком“ го доби тендерот на Собранието за мобилна телефонија вреден 191.000 евра

Редакција

„Нетра“ го доби тендерот на Македонска радиодифузија за набавка на предавателна опрема вреден 474.000 евра

Редакција

Oбвинителите на СЈО се враќаат во матичните обвинителства

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница