еМагазин
Image default
Локално

Пожар во близина на туристичкиот комплекс Аурора во Берово

Локализиран е пожарот што денеска околу 14:30 часот избувна во близина на туристичкиот комплекс Аурора крај Беровското Езеро.

Според информации на Сашко Руменовски, командирот на Територијалната противпожарна единица од Берово, во огнената стихија е опожарена површина од околу пет декари.

„Дојавата во ТППЕ Берово е примена околу 14:30 часот, по што од наша страна е интервенирано со две возила, една цистерна и возило „бремач“.

Во гаснењето учествуваа четворица пожарникари на кои помош им пружија и вработени во комплексот, како и туристи. Во моментот пожарот е локализиран, но наши екипи остануваат во обиколка на теренот“, информираше Руменовски.

Причините за пожарот ќе бидат познати по извршениот увид, иако како можен причинител се наведува човечки фактор.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Подолг период ја демнел и избегал од психијатриска институција каде што се лечел: Детали од Обвинителство за ранетата жена во Прилеп

Редакција

Скопјанка ја бара ќерката која со момче заминала во Охрид

Редакција

Уапсен „џепарош“ во Скопје: Оперирал по градски автобуси и на Зелено пазарче

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница