еМагазин
Image default
Локално

Пожар во Скопје: Од запалена „Опел корса“ настрадаа и „Мерцедес“ и „Берлинго“

На 28.01.2020 во 09.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Отокар Кершовани“ настанал пожар во патничко возило „опел корса“ со скопски регистарски ознаки, информира МВР.

Според пријавеното, А.А.(21) од с.Мирковци, скопско, откако го паркирала возилото забележала чад кај хаубата. Од пожарот биле зафатени уште две патнички возила – „мерцедес“, сопственост на А.Р.(44) и „цитроен берлинго“, сопственост на Л.С.(66), двајцата од Скопје.

Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита, а увид извршила екипа од СВР Скопје.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Приведен кавадарчанец кој нападнал полицајци

Редакција

Почина мигрант по удар од локомотива на пругата Велес-Градско

Редакција

Возачот што ги превезувал ги исфрлил: Еден мигрант починал, а шестмина се тешко повредени

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница