еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Пожарот кај Чешиново-Облешево, Пробиштип и Кочани е изгаснат

Огнените јазици кои зафатија сува трева, нискостелбести растенија, грмушки и шума на територија на општините Чешиново-Облешево, Пробиштип и Кочани се целосно изгаснати, вели за МИА директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов.

Пожарот кој од синоќа по 22 часот е пријавен во ТППЕ-Кочани доцна попладнево е ставен под контрола, бидејќи почна да паѓа дожд, а во неговото гаснење бидејќи беше распространет на територија на три општини беа вклучени пожарникарите од Кочани и Пробиштип, како и од Доброволното противпожарно друштво од Кочани.

Од воздух се гасеше со еден Ер трактор на Дирекцијата за спасување и заштита и два полициски хеликоптери.

Ангелов вели дека станува збор за огромна опожарена површина, која заедно со пожарот од пред десет дена опфаќа околу 250 хектари. Забележа дека пожарот се приближи и кон кочанското село Врбица, во кое живеат пет жители, а пробиштипските пожарникари со контрапожар успеаја огнените јазици да не влезат во селото Трипатанци.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Пожар кај Чешиново-Облешево, мобилизирани пожарникари и доброволци од Кочани

МИА/Фото: ЦУК

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Косовар со пасош на скопјанец сакал да влезе во државата

Редакција

Нов раст на трошоците во градежништвото за нови објекти за домување

Редакција

Ограбен автомат клуб на „Партизанска“

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница